ВИСТИНСКИ ДЕЛА НА ЉУБЕЗНОСТ: Топли оброци за децата од загрозени семејства
„Кидчен (Kidchen)“ е првата специјализирана детска кујна за подготовка на здрави оброци по специјално изрботена програма од нивниот нутриционист ,каде што може да најдете различни менија прилагодени за секоја возраст, од 7 месеци па нагоре.
Тие во следниот период ќе припремат оброци и за деца на сиромашни семејства кои немаат можност сами да си обезбедат било каков оброк во текот на денот, велат од невладината „Љубезност“.
Организаторите дополнително објаснуваат дека во следниот период ќе информираат на кој начин ќе можете и вие да учествувате во оваа активност.
Инаку, здружението „Љубезност“ целосно функционира на доброволна основа. Досега имаат реализирано поголем број на доброволни активности, меѓу кои и оброк за бездомни лица-еднаш неделно, домашен оброк (подготвен од страна на организации, волонтери, граѓани) кој се дели на бездомниците пред музејот Мајка Тереза. Ова е редовна пракса, се реализира на иста локација и во исто време, со што луѓето се секогаш информирани, додаваат организаторите.