Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Волонтерите на Црвен крст – Центар изградија пристапна рампа за учениците со посебни потреби

Хуманост

Волонтерите на Црвен крст – Центар изградија пристапна рампа за учениците со посебни потреби

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар успешно реализираше една поинаква активност во месец декември. Општинската организација Центар во соработка со ООУ „Димитар Миладинов“ спроведе активност за изградба на пристапна рампа во ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“. 

Во Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ учат ученици кои се со посебни образовни потреби. Учениците од ова училиште се лица со различен инвалидитет, меѓу кои и лица во инвалидски колички. Досега ова училиште не располагаше со соодветна пристапна рампа која е неопходна, поради фактот што некои од учениците се во инвалидска количка. Поради тоа, се почувствува потреба да се изгради пристапна рампа на влезот на училиштето што ќе им овозможи на учениците подобар и полесен пристап до училиштето.

Благодарение на учениците од ООУ „Димитар Миладинов“ и Советот на родители при училиштето, пристапната рампа беше изградена во средината на месец декември од средства кои беа собрани како членарини од 345 ученици. Советот на родители при основното училиште „Димитар Миладинов“ активно се заложи преку членството на нивните деца во Црвениот крст, да помогнат на целната група – ученици од ДСУ „Св. Наум Охридски“.

Ова е прва активност од ваков вид и е од огромно значење, како за подобрување на условите на целната група, така и за работата на Општинската организација на Црвен крст Центар, која години наназад успешно реализира голем број на програмски активности во ова училиште.

На 20.12.2019 претставници на Општинска организација Центар заедно со Директорката на ООУ „Димитар Миладинов“, членови од Советот на родители на училиштето и дел од учениците, по поставувањето на пристапната рампа, беше во посета на ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ каде што заедно со Директорката на училиштето и професорите направија обиколка на целото училиште. Присутните имаа можност да се запознаат и со дел од учениците, да дознаат повеќе за активностите кои ги реализираат, одделите на кои работат и начинот на функционирање на училиштето, се со цел продлабочување на понатамошната соработка на Црвениот крст и овие две образовни институции кои делуваат на територија на Општина Центар.

Оваа средба беше резултат на успешната работа на сите засегнати страни. Се радуваме на понатамошните можности за заедничка работа со загарантиран успех. Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар продолжува со активности со учениците од двете училишта и во текот на наредниот период.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Хуманост

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.