Музика
И Џастин Бибер ќе настапува на МТВ ЕМА наградите во Милано
На изненадувањата поврзани со МТВ ЕМА наградите им нема крај! На списокот на специјални гости и изведувачи на настанот се придружува и Џастин Бибер.
Тој денеска на својот фејсбук профил објави дека се враќа на МТВ сцената во голем стил. Овој настап ќе биде совршено загревање пред промоцијата на неговиот нов албум „Purpose“ закажан за средината на месец ноември.
– „Многу сум возбуден што ќе настапам и ќе го споделам новиот материјал со моите фанови ширум светот. МТВ ЕМА наградите се вистинска лудница! Драго ми е што се враќам, верувајте, ќе биде биде забавно!“ – вели Бибер.
Џастин ќе настапи со веќе најавените настапувачи, меѓу кои Фарел Вилијамс, Ед Шеран, Рудиментал, Ели Гоулдинг, Џејсон Деруло, Мартин Гарикс и многу други.
МТВ ЕМА наградите ќе се одржат во Милано на 25 октомври. Даниел Кајмакоски е овогодинешниот добитник на МТВ Бест Адриа Ект наградата, а во моментот се натпреварува и за најдобар европски изведувач. Помогнете му да ги добие гласовите со тоа што ќе гласате на www.mtvema.com најдоцна до сабота, 24 октомври.