МК Сцена
И „Д Продиџи“ се вклучија во хуманитарната акција за настраданите од поплавите
Светски познатите „Д Продиџи“, кои на 14 август настапуваат во Охрид, на својот фејсбук-профил изразија поддршка и сочувство за настраданите во поплавите во Скопје.
– Најголема почит за Македонците што ги загубија животите и настрадаа во поплавите. Ние ќе донираме во Црвениот крст на Македонија. Почит кон сите жртви и нивните семејства и до сите македонски борци. Се гледаме на „Охрид колинг“ во недела на 14 август – напиша бендот на фејсбук-страната.
Инаку, „Д Продиџи“ доаѓаат во Македонија една година по промоцијата на нивниот последен албум „Invaders must die“, со кој четврти пат по ред го освојуваат првото место на британската топ-листа.