Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

И официјално се разведоа Џони Деп и Амбер Херд

Сцена

И официјално се разведоа Џони Деп и Амбер Херд

Холивудскиот актер Џони Деп и неговата сопруга Амбер Херд вчера го финализираа разводот по неколкумесечен спор околу конечните услови за нивната разделба, соопштија американските медиуми.

Судската одлука предвидува Џони Деп да плати седум милиони долари, кои Херд вети дека ќе ги даде во добротворни цели.

„Задоволни сме што овој непријатен период за г-дин Деп и неговото семејство веќе е зад нив. Фактот што судската одлука за финализирање на разводот беше донесена денеска, го направи овој петок 13. особено среќен, се наведува во соопштението на адвокатката на Џони Деп Лаура Восер.

Херд поднесе барање за развод во мај минатата година. Двајцата се запознаа во 2011 година и се венчаа во февруари 2015 година

Херд ќе го добие „старателство” на нивните двете кучиња Пистол и Бу и на коњот Ароу. Тие ќе си поделат и некои други сметки, вклучувајќи автомобили и недвижности. Никој нема да добива финансиска издршка.

Во договорот за развод, исто така, има доверлива клаузула која ги обврзува да не разговараат за нивната врска во интервјуа и на социјалните мрежи.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.