МК Сцена
И вечерва богата програма на фестивалот на пивото во Прилеп
Прилеп најавува уште една богата фестивалска вечер на Пивофест 2016.
Прв ќе настапи нашиот Миле Кузмановски, кој градоначалникот го најави како омилен, по него ќе настапи згодната Рада Манојловиќ, а за најлудиот дел од ноќта публиката ќе ја забавува Аца Лукас.
На денешната прес конференција Хари Мата Хари истакна дека во својата кариера ретко доживува спектакли, но дека тоа што вчера се случи во Прилеп е еден од најголемите спектакли на кои пеел.
Временските услови не ги спречија љубителите на одлична забава да дојдат во Прилеп и да уживаат во ладно пиво и прекрасна скара.
Прилеп ве очекува на третата фестивалска вечер за уште едно лудо дружење.