МК Сцена
iDance – ново студио за танц кое ќе ве натера да ја засакате латино музиката
Во градот се отвори ново студио за танц, студио кое ќе направи латино музиката да ја доживееете на еден поинаков начин.
Оваа нова куќа на музиката и танцот се наоѓа на булеварот „Трета Македонска Бригада“, спроти средното училиште „Димитар Влахов“.
iDance е нова приказна, а во оваа приказна главни ликови секогаш ќе бидат клиентите. Школата нуди часови по различни латино танци, и тоа:
Bachata sensual / Bachata dominicana
Salsa Cubana
Salsa con Reggaeton
Salsa con Rumba
Dancehall
Kizomba / Urban Kizz
Reggaeton
Zumba fitness
Insanity
Contemporary
Kids Latin Dance
Hip-Hop
Уписите се во тек, со месечната чланарина од 1.200 денари добивате едночасовно танц доживување со три часа во неделата.
За Вас ќе се погрижи искусниот инструктор Ико, повеќекратен државен меѓународен првак во категоријата латиноамерикански и стандардни танци (спортски натпреварувачки танци), бачата победник на International Dance Organisation, заедно со Кристела и Христина, ликови со вишок позитивна енергија.
iDance ќе биде многу повеќе од школа за танц, дојдете и проверете, почнуваме на први март.