Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Илиќ, Брунцлик и Лончаревиќ бараат пиперки и македонски јадења на менито пред нивниот концерт во Скопје

МК Сцена

Илиќ, Брунцлик и Лончаревиќ бараат пиперки и македонски јадења на менито пред нивниот концерт во Скопје

Во пресрет на најавениот троен музички спектакл на најголемите фолк музички имиња од соседството Мирослав Илиќ, Зорица Брунцлик и Xенан Лончаревиќ, а закажан на 4 декември во арената “Борис Трајковски”, еве неколку нови детали:

Концертот стартува во 21 часот, а на сцената прв ќе застане сопственикот на хитот “Никоме ни реч” Xенан Лончаревиќ, кој во соседството важи за еден од најдобрите клупски пејачи и го нарекуваат “крал на сплавовите”.

Лончаревиќ сцената ќе и ја отстапи на единствената дама на вечерта, жената која македонската јавност секоја сабота ја гледа во едно од столчињата од жирито на Пинковите yвзеди – уникатната Зорица Брунцлик.

Крајот на неколкучасовниот концерт е резервиран за легендата Мирослав Илиќ, на чие инсистирање и се одржува овој голем музички спектакл. Уникатен настан во чии рамки на иста сцена ќе застанат три големи фолк музички имиња од соседството. Концертот уште ќе биде збогатен и со музиката на виртуозите на хармоника Мирољуб Аранѓеловиќ – Кемиш и Миша Мијатовиќ.

Интересно е што Брунцлик, Лончаревиќ и Илиќ за разлика од останатите свои колеги кои доаѓаат на концерти, имаа само едно барање – за време на престојот во Скопје да консумираат традиционални македонски јадења и обавезно на менито да има пиперки.

Билетите за концертот закажан на 4 декември во “Борис Трајковски” се пуштени во продажба преку продажната мрежа на купикартизасе, во Розе – Веро 2, ресторанот Окарина и билетарницата во “Борис Трајковски”, и тоа по цена од 300 денари за стоење и 400 за седење. Додека во ВИП делот ќе има неколку различни пакети.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.