МК Сцена
ИНЦИДЕНТ НА ЗАТВОРАЊЕТО: Поради откажаниот перформанс, девојка ги фрли патиките на сцена на „Браќа Манаки“ (ВИДЕО)
На свечената церемонија на затворањето на 37. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, две лица кои учествуваа во скандалозниот перформанс на свеченото отворање на фестивалот се качија на сцената, а една од нив ги соблече патиките и ги фрли на сцената, пренесува ТВ Орбис.
По ова, веднаш реагираше обезбедувањето, кое и двајцата ги отстрани од сцената.
Водителката на манифестацијата рече „Нѝ се случуваа во изминатите денови многу интересни настани, па и скандали, секако да ни биде интересно“.
На свеченото затворање на фестивалот режисерот Мартин Кочовски требаше да има перформанс, но тој беше откажан поради наводно долгиот временски период за чистење на сцената по завршувањето на перформансот.