Интервју
ИНТЕРВЈУ: Каков е Роби Вилијамс за време на турнејата „Let Me Entertain You“?
Секој шеф има свои „црни денови“ и секој работник понекогаш посакал да се повлече од својот шеф, а сега замислете како е кога работите за светска поп ѕвезда! Нема да ви се верува колку е тешко да се истрпи Роби за време на турнејата!
Побарувачките од турнеите на светските ѕвезди понекогаш можат да бидат многу необични, а како цреша на шлагот, доколку не им се исполни и најмалата желба – во најмала рака нивните менаџери и асистенти доживуваат експлозивни изливи на бес од страна на своите шефови, па така се оправдува постојаниот стрес во музичкиот шоу бизнис.
Роби Вилијамс во текот на турнејата „Дозволете ми да ве забавувам“ е прилично опуштен и после сите обврски тој ужива да се забавува. Ако судиме по зборовите на неговиот менаџер Џеки Хидлиша, кој работи со него од 2004 година, иако е очекувано од страна на музичка ѕвезда која пред скоро време доби уште едно дете, поради сите неспани ноќи да биде нервозен, тоа никако не е случај кај Роби.
Тој прилично ужива во напорното работење на новата турнеја. Звучи навистина неверојатно за ѕвезда од негов калибар!
Кога го прашавме Џек Хидлиша како е да се работи со Роби во текот на турнејата, очекувавме одговор кој е вообичаен, дека не може да го замисли и дека би го запалил во првата прилика која ќе му се пружа. Но, на големо изненадување, овој човек тврди дека колку пати и да ја пушта песната „Angels“ во автобусот, него и понатаму не му се смачува.
– „Звучи смешно, но додека Роби ја изведува таа песна по 365 пат во годината, ние седиме изморени во бекстејџ, а луѓето ја пејат песната масовно во еден глас. Се погледнуваме со останатите и не ни се верува дека и после толку години ова се случува! Но и понатаму ја сакаме! Тоа е тоа најдоброто во нашиот тим и во соработката со него, навистина ја сакаме неговата музика!“
За изненадување, во бендот нема ривалитет и сѐ уште, и покрај толку години после концертите се забавуваат сите заедно како да имаат дваесет, а не четириесет години. Сепак, Роби е прилично смирен и сега е среќен и фамилијарен човек.
А, многу често и спонтан и забавен! За време на турнејата Роби знае честопати да го смени својот стил.
По ова, можеме да заклучиме е дека Роби е шеф кој секој би го посакал. На прашањето зошто и што му се допаѓа највеќе кај својот шеф, Џек, свесен дека неговиот одговор ќе звучи полтронски и попат типичен одговор на ПР менаџер, ни раскажа:
– „Го сметам за особено љубезен и пријателски настроен човек, кој приземно си ја врши својата работа. Тој е очигледно комплицирано-интересен уметник, детален, кој во секој момент за време на настапите знае што сака и што има!“
Сакате и вие да бидете дел од големиот спектакл во Белград?
Влезниците во Македонија пронајдете ги преку продажната мрежа на МКтикетс, на http://mktickets.mk/robbie_williams
Влезниците за спектаклот на Ушќе се поделени по зони и тоа:
ПАРТЕР А со сопствен превоз – 3.300 ден.
ПАРТЕР Б со сопствен превоз – 2.750 ден.
ФАН ПИТ со сопствен превоз – 4.370 ден.
ФАН ПИТ ГОЛД со сопствен превоз – 5.450 ден.
ТРИБИНА со сопствен превоз – 4.370 ден.
ПАРТЕР А + организиран превоз – 5.000 ден.
ПАРТЕР Б + организиран превоз – 4.400 ден.
ФАН ПИТ + организиран превоз – 6.100 ден.
ФАН ПИТ ГОЛД + организиран превоз – 7.150 ден.
ТРИБИНИ + организиран превоз – 6.100 ден.
ВИП лаунџ + организиран превоз – 8.950 ден.
ВИП голд + организиран превоз – 15.700 ден.
САМО ПРЕВОЗ – 2.100 ден
www.facebook.com/events/340701939474319
Организатори на концертот се „Егзит Тим“ и „Скајмјузик“, со поддршка на „Арена Белград“ и „ААА продукција“.