Интервју
ИНТЕРВЈУ: Маркус Гинјард, еден од најдобрите кошаркари во Македонија ужива во Скопје од Че кафе до Градски парк
Филантропија, атлетика и излегувањето одат рака под рака и совршен пример за тоа е Маркус Гинјард, кошаркар за КК Работнички.
Тие ја изиграа можеби една од најсовршените сезони до сега и сега се фокусирани на трофејот. Надвор од Работнички Маркус ги посети и децата од СОС Детско село и Домот за деца „11 Октомври“. Сака шолја добро кафе, убава музика и малку ракија.
Изгледа како да не некој ред во тоа Маркус што го прави во Скопје, но најверојатно е да е поради тоа што тој ужива во животот и тоа му е движечката сила да ја фокусира својата енергија и време за заедницата и за сам себе.
1. Играш за КК Работнички веќе некое време и постигнуваш многу. Како успеваш да се задржиш на ова ниво на кое си сега?
– Со константна работа, како тим и како индивидуа. Во општеството се фокусираме на резултатите, но процесот е најважен. Ова што постигнуваме е резултат на многу работа на терен и многу часови тренирање.
2. Во која арена се чувствувате под најголем предизвик за вашата игра, а во која арена обожаваш најмногу да играш?
– Убави ми беа натпреварите кои ги игравме во салата на Гостивар. Таму има одлична атмосфера. Но, сигурно дека салата која е мој најголем фаворит е Градски Парк! Се надевам дека се повеќе фанови ќе доаѓаат на натпреварите како му се приближуваме на плеј офот!
3. Имаш ли омилен жанр на музика и омилен музичар?
– Ги слушам скоро сите жанрови на музика ама моментално немам омилен. Некои од моите песни кои нон-стоп ги слушам се: Drake-God’s Plan, G-Easy-Love is Gone, Macklemore-Hold Your Head Up, RL Grime-I Wanna Know, Logic & Marshmello-Everyday, Justin Timberlake-Say Something
4. Ги посети децата од 11 Октомври и СОС Детско село. Зошто го правиш тоа?
– Многу е важно да вратиш на заедницата, и тоа беше само една од идеите кои ги имав за да го постигнам тоа. Мислам дека треба секогаш да се фокусираме на младите, следната генерација на лидери и да ги мотивираме да ги остварат своите соништа.
5. Дали си вклучен во проекти за заедницата надвор од Македонија?
– Во САД имам свој кошаркарски камп, Маркус Гинјард кошаркарскиот камп, каде се фокусираме на тоа да ги учиме учесниците за кошарката, но и да им помогнеме да ја развијат својата самодоверба, тимска работа, дисциплината и други животни лекции.
6. Каде сакаш да излегуваш и кое е твоето омилено место во Скопје и Македонија?
Во Скопје има неколку места кои ги посетувам редовно. Che Cafe е моето локално место. Drip Coffee ги има најдобрите баристи и најубавото кафе. Sushico затоа што обожавам суши. Skopje Marriott и Градски парк е моето омилено место кога сум надвор и ужива во времето
7. Кога некој кој знаеш би дошол во Македонија, што би им препорачал? Што би препорачал и за ноќниот живот?
– Поради моето искуство би препорачал да го посетат кањонот Матка, Охридското езеро и да најдат време за Скопје. Сигурен сум дека ќе најдат многу добри ресторани и ќе уживаат во македонската храна и ракија ☺