Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ИНТЕРВЈУ СО МИЛИЦА ТОДОРОВИЌ: „Во Македонија имам многу обожаватели и со нетрпение чекам да дојде сабота“

Интервју

ИНТЕРВЈУ СО МИЛИЦА ТОДОРОВИЌ: „Во Македонија имам многу обожаватели и со нетрпение чекам да дојде сабота“

Милица Тодоровиќ (25) важи за една од најпознатите пејачки на Балканот, благодарение на нејзините песни, но благодарение и на мајка-природа која и подарила изглед од кој никој не останува рамнодушен.

Нејзината песна „Ти моје злато“ публиката ја награди со најмногу прегледи на „Ју тјуб“, вкупно 60 милиони, а спотот беше најгледан на поранешните Ју простори за 2014 година.

Меѓутоа покрај музичката кариера, втора пасија или професија на Милица е глумата…

На вашиот Инстаграм профил објавивте заедничка фотографија со холивудскиот актер Бен Кингсли…

– Имав прилика да соработувам со големиот сер Бен Кингсли и да поминам два дена со него и неговата актерска екипа која го реализира неговиот најнов филм. Филмот се снимаше на една локација во Белград. За жал, не можам да откријам ништо повеќе- вели Милица.

Вашиот живот буквално се промени, сега имате концерти речиси сите континенти, телевизиски настапи и гостувања ширум регионот. Ве удри ли славата во глава?

– Пораснав и созреав, тоа е единствената промена која ми се случи откако победив на „Ѕвездите на гранд“. Најмногу сакам да пеам и да уживам во музиката. Луѓето околу мене немаат причина да се променат во однос на тоа која сум јас денес. Опкружена сум со добри луѓе кои секогаш ми посакуваат се најдобро, како и јас нив.

Ви пречи ли тоа што некои луѓе турбо-фолк музиката ја сместуваат во категоријата на шунд и кич?

– Музиката ги прави луѓето среќни. Воопшто не е битно дали е поп или фолк. Битно е да ве исполнува и да уживате додека ја слушате, или во мојот случај, да ја пеете.

Речиси секоја ваша колешка на естрадата има силикони. Како успавте вие да останете имуни на овој тренд?

– Не сум некоја која го сака тоа, меѓутоа немам ништо против тие кои прават на себе некакви естетски корекции.

Која е Милица Тодоровиќ кога ќе се изгасат камерите?

– Живеам обичен живот, само се бавам со работа која е јавна и луѓето знаат за мене. Имам многу обожаватели и во Македонија која како земја многу ја сакам и секогаш со радост и се навраќам- вели таа.

Постои ли некој по кого кинете нерви?

– Можам само да ви кажам дека сум заљубена и сум во среќна врска…

И за крај, што да очекува публиката во Скопје на 26 декември ?

– Нека очекува добра забава. Јас и мојот колега Адил сме подготвени и со нетрпение чекаме да дојде сабота да ви покажеме што знаеме.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интервју

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.