Интервју
Анета Молика за разводот и неверството: „Не можеш да му наредиш на срцето некого да сака“
Фолк-пејачката Анета Мицевска се разведува по дваесет и две години брак со музичарот Џими Мицевски – беше топ вест изминaтиот период низ медиумите.
Заедно ја имаат ќерката Моника, која студира и живее во Германија. Анета му беше втора сопруга на Џими, а тој пак, од претходниот брак има син кој е исто така музичар.
Инаку, Анета и Џими важеа за складен и хармоничен пар, но очигледно решиле дека е најдобро да донесат една ваква тешка одлука и да започнат нова фаза во нивните животи. Се плетаеа разни приказни, чаршијата зборуваше, а тие молчеа.
Во единствениот естраден магазин Бекстејџ гостинка беше Анета, каде си ја отвори душата, и стави крај на сите шпекулации, во видеото погледнете што се кажа: