Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЏАНИ АЛИОСКИ: „Заслуживме макар и мал пречек на аеродромот, ама никој не дојде“

Интервју

ЏАНИ АЛИОСКИ: „Заслуживме макар и мал пречек на аеродромот, ама никој не дојде“

ЏАНИ АЛИОСКИ: „Заслуживме макар и мал пречек на аеродромот, ама никој не дојде“

Левиот бек на македонската репрезентација, Езѓан Џани Алиоски, важи за еден од милениците на публиката. За неговите шеги на тренинзите и во соблекувалната раскажуваат и фудбалерите и фановите, а и тој често објавува забавни видеа на социјалните мрежи.

На Евро 2020 даде гол против Украина по Горан Пандев, кој го постигна првиот гол за Македонија на европските првенства.

„Јас сум најмладиот стрелец за Македонија на едно Европско, ако имам 29 години“, вели на шега Алиоски и додава: „Мило ми е што Горан даде гол, знам колку го посакуваше тоа во својата кариера“.

Алиоски не крие дека се гордее со себе и на успехот што го постигна. Ама не крие ни дека е разочаран што фановите не ги пречекаа фудбалерите на аеродромот во Скопје.

„Заслуживме макар и мал пречек. Не ми се веруваше колку фанови дојдоа во Романија да нè бодрат. Нема поубаво чувство од она кога знаеш дека на трибините се твоите навивачи. Сега знам дека доаѓаат за нас, а не за големите репрезентации како Шпанија или Германија, како што беше порано. Затоа и ми беше криво што не нè пречекаа дома. Знам дека е пандемија и можеби не победивме, ама испишавме историја“, ни раскажа тој во разговорот за „Репортер“.

Во разговорот дознавме и дека родителите секогаш се на трибините кога Алиоски игра за репрезентацијата или има важен натпревар со клубот. Тие дојдоа со него и во Саудиска Арабија кога пред два месеца потпиша договор со новиот клуб „Ал Ахли“.

Роден е во селото Црнилиште и од таму со родителите заминал во Швајцарија. Вели, и покрај животот во Швајцарија, едвај ги чекал распустите оти тогаш родителите го носеле во Македонија, во прилепскиот крај, каде што по цели денови играл топка со децата.

„Имав една и пол година кога со моите се преселивме во Швајцарија. Почнав да играм во локалниот клуб на 3-4 години, а кога се префрлив во поголем клуб во Берн, татко ми секој ден ме носеше на тренинг и чекаше да завршам. Моите родители секогаш веруваа во мене“, ни открива Џани.

Зборувавме за новиот селектор и за Светското првенство, за промените во тимот по заминувањето на Мрме и капитенот Пандев. Но, и за близината на играчите и како изгледаат нивните журки кога слават победа. Тука се и муабетите за новиот клуб, каде што постигна гол уште на првиот натпревар, ама и за фудбалскиот сон да игра во Премиер лигата, што го оствари годинава со „Лидс“.

https://youtu.be/a7uYOB4hxNs

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интервју

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.