Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Халид Бешлиќ во Скопје: По осмата чашка, сфативме дека „Ја без тебе не могу да живим“ ќе биде хит

Интервју

Халид Бешлиќ во Скопје: По осмата чашка, сфативме дека „Ја без тебе не могу да живим“ ќе биде хит

Не постои седенка во кафеана, свадба, собир без песните на легендата на народната музика Халид Бешлиќ. Конечно, првпат во Скопје ќе има голем концерт на 26 ноември кога пред скопската публика ќе ги отпее своите најголеми хитови. Иако неодамна имаше сообраќајна несреќа, а пред две години операција на срцето, вели дека се чувствува добро и дека ќе пее додека е жив.

„Ми вградија два стенда. Јас не ни одев на лекар претходно, ама почнав да чувствувам замор. На последниот концерт пеев седнат на стол. Е, потоа ми открија затната артерија и веднаш во болница, ме ставија на апарати. Операцијата помина во ред и еве ме, фала богу, добро сум“, открива Бешлиќ за „Репортер“.

За него велат дека е едноставен човек кому ниту славата ниту парите никогаш не го смениле сите овие години. „Ја сум таков по природа. Однесувањето си го носам според домашното воспитување, од селото од каде што сум дојден на границата со Романија. Дојдов како тинејџер во Сараево, ги прифатив правилата на градот и сфатив дека кога ќе расчистиш со себе и со докажувањето, можеш да бидеш едноставен човек и покрај популарноста“.

Од дете ја засакал народната музика кога како мал цели денови слушал народно на радио. Почнал да пее во обични биртии, потоа пеел во малку поотмени кафеани и на крајот, како вели, запеал во најотмените.

„За мене велат: ‘има еден мал таму пее во Сараево, напишете нешто за него’. Така и излезе првпат текст за мене во весник, кој цело утро го чекав за да го купам“, се сеќава Бешлиќ.

Песната „Неќу, неќу, дијаманте“ го направи славен, иако половина година текстот за песната го носел во џебот. „Таа песна ме намести на скалата на естрадната хиерархија на која сум и денес“, вели Бешлиќ. Ни раскажа и како настанала „Миљацка“, но и сега најпопуларната „Ја без тебе не могу да живим“ за која по осмата чашка алкохол, сфатиле дека ќе биде хит.

Интересна е анегдотата за филмот „Каралула“, каде што го наместиле, место своја, да пее песна од Халид Муслимовиќ. „Му бев лут на Бреговиќ, бев лут како рис, ама, ете, ја отпеав“.

Со својата Сејда вели е во брак од минатата ера. Таа е жената што го разбира и не го прашува каде ќе оди и кога ќе се врати. „Не знам да готвам, ама сум романтичен. Сејда ми е сè. Да сум разведен, немаше пак да се женам. Но, сега и да сакаме да се разведеме, не можеме“, се шегува Бешлиќ.

За приватниот живот, за најголемите хитови без кои не бидува кафеана, како од настап во биртија стана најпопуларен пејач, и зошто парите и славата никогаш не го променија – гледајте го интервјуто.

https://www.youtube.com/watch?v=q_eaQ4UP2k0&t=1s

 

Повеќе од Интервју

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.