Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ИСКРЕНО СО САША АРСОВСКА: „Со Никола се запознавме на протест, а го фатив со добар ручек“

Интервју

ИСКРЕНО СО САША АРСОВСКА: „Со Никола се запознавме на протест, а го фатив со добар ручек“

Кога пред седум години се појави во емисијата „Пет плус“, актерката Сања Арсовска стана омилениот лик на децата, кои ја препознаваат како Лина. За колегите, пак, е борец за нивните права оти како претседател на Синдикатот за култура се залагаше за подобри услови на работниците во културата. Приватно, таа е мајка на бебето Марко, кое веќе има седум месеци, во брак е со Никола Наумовски, кого го запознала на протест, и е вечна штипјанка за која нема поубава глетка од онаа на Овчеполието.

„Родена сум во Штип. За него ме врзуваат најубавите спомени. Детството го поминав во Џ-маало, тоа е зад Домот на културата. И денес кога одам во Штип, го имам тоа чувство на припадност. Моите родители никогаш не се занимаваа со глума, но ме поддржаа кога решив тоа да студирам. Иако бев дете што тешко се контролира, сепак на крајот се надевам дека моите имаат со што да се гордеат на мене“, низ насмевка раскажува Сања.

Како тазе мајка, вели дека одлично се снаоѓа со Марко. За мајчинството вели: „Сега одеднаш почнаа да ми се јавуваат сите стравови за кои порано не сум размислувала. Спознаваме како е да се биде родител. Но, сепак, не сум сама, пред сѐ, тука е мојот партнер, со кој ги делиме рамноправно обврските за Марко. Но, тука се и мајка ми и свекор ми секогаш кога треба да помогнат“.

https://youtu.be/32zIqgYg2_o

Неколку години е во брак со Никола Наумовски, кој му беше шеф на Кабинетот на досегашниот градоначалник Петре Шилегов. За него открива дека е најлибералниот човек со кој нема проблем да зборува за сѐ. А најмалку, пак, да го задржи само своето презиме наспроти традицијата да го земе од мажот. На прашањето како се запознале, ни открива: „На протест против полициската бруталност. Но, искрено, го фатив на најпатријархален и најтрадиционален начин“, искрена е Сања, која во интревјуто првпат проговори за бракот и за приватниот живот. Правеле две свадби, една сериозна за да ги испочитуваат возрасните, и една за младите.

„Оваа втората беше супер журка до рано наутро“, додава актерката, која во разговорот за „Репортер“ ни раскажа анегдоти од свадбата.

Од 2013 е вработена во Драмски. Зад себе има претстави и театарски улоги, а за својата професија вели дека нема поубава на целиот свет. Преку разговорот дознавме за неа од сѐ по нешто: од тоа како ја добила улогата на Лина, преку школските денови, колегите, бракот со Никола, времето кога беше претседател на Синдикатот, како го фатила маж ѝ со добар ручек и зошто сега не му готви и уште ред други муабети – гледајте во интервјуто.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интервју

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.