Интервју
„Освен за глума, пеење и пливање носиме гени и за кршење раце“ – три генерации Маниќ
Улогата на Петар Маниќ во првиот детски долгометражен филм „Стела“, кој неодамна ја имаше својата премиера, шармантно нè повика да го актуелизираме семејството Маниќ. Првпат заедно во јавноста, во студиото на „Репортер“, три генерации мажи, секој со својата приказна. Томислав, Александар и Петар Маниќ.
Најстариот Маниќ во јануари ќе полни 88 години. На интервју дојде со олдтајмер, „пежо 404“. По разговорот ни откри дека ќе оди на кафе во „Манда“. „Тоа ми е библиотеката, па таму одам на кафе со цигара“, вели некогашниот професор по историја во економското „Моша Пијаде“.
Дознавме дека уште пред 40 години им држел „онлајн настава на учениците“, но и дека им го донел во школо да им пее Здравко Чолиќ. Нивниот професор беше легендарниот пејач на „Црвени рози за вас мадам“ и „Кажи зошто ме остави“. Ги праша и синот и внукот зошто во гените им е да кршат раце и нозе, па ни раскажа и нам една интересна приказна за нивната поврзаност.
Ретко кој знае дека адвокатска канцеларија на пејачот Маниќ, стана култното кафуле „Манда“ во Мавровка, кое го држеше неговиот син . За првиот диџеј и журките кои и денес будат носталгија кај скопјани, нè потсети Александар Маниќ, некогашен државен првак во пливање. Денес неговото кафуле во Центар е свртилиште на новинарите од политичките рубрики, ама и на политичарите. Како изгледа една новинарска седенка на која се збори за политика, Манда вели: „Напорно е многу, а тек кога ќе се скараат“. Зошто само Бранко Црвеноковски и Никола Груевски не седнале тука на кафе, ама и како заради кавгата меѓу Пендаровски и Геровски испадна дека „баграта“ е во „Манда“… низ муабетот со Александар Маниќ.
Најмалиот Маниќ, 14-годишниот внук и син Петар, кој деновиве е популарен со улогата на Никола во филмот „Стела“ е некаде на средината. Глуми како дедо му, плива како татко му, ама пак е свој. За бакшиш ја менува и постелнината на деда си. Вели дека сега, по улогата на Никола во „Стела“, едвај чека да заигра пак пред камерите. Низ приказните на три генерации Маниќ, гледајте го интервјуто…
https://www.youtube.com/watch?v=_n3eyZM2XAI