Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Parkland Hospitality Group“: Изградивме силен бренд благодарејќи на довербата и лојалноста на нашите клиенти

Интервју

„Parkland Hospitality Group“: Изградивме силен бренд благодарејќи на довербата и лојалноста на нашите клиенти

Новата Four garden е место за опуштање и уживање, а гостите ја чувствуваат како вистинска оаза од летните горештини. Оваа нова додадена вредност во рамки на „Park Hotel & Spa“ покажа како една општествено одговорна компанија и во време на глобална пандемија знае пречките и ограничувањата да ги претвори во нови можности и потенцијали. 

Вистинска гастрономска авантура е и новото мени преку кое шеф мајсторите на брилијантен начин успеваат од својата пасија секојдневно да создаваат магија, а боите на летото се преточуваат во пијалаците.

Уникатниот амбиент нуди уживање за сите сетила, а услугата „blind food tasting“ максимално ги интензивира сетилните доживувања и ја активира фанатазијата на гостите.  

На 24 јуни ја отворивте прекрасната Four garden која во повеќе сегменти нуди уникатност. Дали би можеле да нѐ воведете во новиот концепт на градината која ја „разладува“ Вардар? 

– Отворањето на новата градина беше логичен следен чекор планиран уште одамна во долгорочната стратегија на Parkland за проширување на капацитетите и дополнителни инвестиции. Целта е одење во чекор со светските трендови во хотелиерството и угостителството и секако, на нашите гости да им понудиме еден сосема нов ресторански концепт за задоволување на сите сетила, по сите стандарди и трендови, а воедно просторот да добие едно сосема ново руво кое гостите ќе го чувствуваат како свое место и оаза за опуштање, релаксација и уживање во врвни специјалитети подготвени од нашите шеф мајстори.

Низ долгогодишното постоење успеавме да изградиме силен бренд кој успешно функционира како двоен концепт, односно ресторански услуги за хотелски гости на хотелот со 5 ѕвезди – „Park Hotel & Spa“, но воедно и ресторан од светски калибар отворен за сите оние кои се во потрага по неповторливо и несекојдневно кулинарско доживување, поразличен амбиент и персонализиран пристап.

Секој бренд бара континуитет во одржувањето и зајакнување, инвестирањето во нови модерни капацитети и воведувањето на светските трендови се најдобриот начин на нашите гости да им го понудиме она што го заслужуваат. Нашата цел е креирање на релации на доверба и лојалност со нашите гости, партнери и соработници, и тоа на долги патеки. Она што најмногу го правиме е следење на потребите, пазарот и на барањата на нашите гости. Односно, растеме заедно.

Своевидното враќање во „нормалата“ го стартувавте со емотивен настан од кој испративте порака дека и покрај тешката година и за вас, пред сѐ, хуманоста е најпотребна за најранливите категории. Дали акцијата „Среќна школска година“ покажа дека децата од социјален ризик нема да бидат заборавени и од други хумани моќни луѓе во трката за надоместување на пропуштениот профит од безмалку година и половина од пандемијата?

– Ова беше тешка година за сите, посебно за угостителството и хотелиерството. Беше тешка година и емотивно за нас. Многу лични загуби, промени, реструктуирања и репозиционирања. Она што со сигурност успеавме да направиме е да ги претвориме пречките и ограничувањата во нови можности, нови потенцијали и да продолжиме уште посамоуверено напред.

Ресторанот Four и Parkland отсекогаш биле посветени на градење на компанијата како општествено одговорна компанија, не само низ призмата на градење на имиџот на Parkland туку носено и од најискрена емоција и желба да се помогне на маргинализираните категории во општеството. Тоа е мисија која ја започна семејството Малиќи уште од почетокот на градењето на бизнисот и нишка вградена и во тимот на вработени и менаџментот, како наследство и аманет од господинот Енвер Малиќи и неговото семејство, дека ниеден успех на компанија не е целосен доколку не се сподели со оние на кои им е најпотребно. Ја градиме нашата визија врз база на една поголема слика низ општествена призма и нашата девиза е дека компанија не може да биде успешна на долг рок без општествена одговорност и учество во креирање на општество кое ќе се стреми да даде еднакви можности за сите.

Овојпат се одлучивме дел од приходите да бидат пренасочени кон децата со социјален ризик дел од проектот „Среќна школска година“, знаејќи со колкави пречки и потешкотии се справуваа во текот на школувањето за време на пандемијата.

Што им препорачувате на читателите да пробаат од вашето мени, не заборавајќи ги и невообичаените пијалаци од кои треба да се разладат и да се расположат во топлите летни денови и ноќи?

– Новото мени е резултат на повеќемесечни тестирања и експериментирање со вкусови и состојки, како од аспект на вкусот така и на надворешниот изглед, затоа што нашата цел е да понудиме уживање за сите сетила.

Станува збор за една несекојдневна гастрономска авантура. Во менито има многу несекојдневни комбинации кои се темелат на здрава исхрана, органски состојки и многу микротревки, зачини и зеленчук. Сите се од нашата домашно-одгледувана градина. 

tuna capacoSnails with herbs and buttersea bass nest, filled with smashed potatoesScalops with vanilaRed sea bream rollravioli with lobsterbuffalo mozzarela
<
>

Се подготвува салата со краба, со манго, јаболко, целер и микро тревки кои ги одгледуваме ние самите во специјални услови, говедски тартар со домашен путер од тартуфи и домашно правено органско ладно цедено масло, органско рижото со мача чај и шејтан, скалопс со домашно масло од ванила, лимон и портокал сервирани на табуле салата, полжави маринирани со лук и микро тревки, равиоли од јастог со шафрон и вермут, сервирани со биск и планктон сос со блек тајгер шкампи… и многу други, во зависност од преференциите на гостите. Во ова мени ги додадовме и нашите најпродавани јадења од претходни интернационали кујни, па така нашите гости имаат можност да пробаат специјалитети од арапска, корејска, тајландска, француска, грчка, српска и италијанската кујна.  Несекојдневно е, егзотично и на изглед и на вкус. 

Еден од постулатите човек да се чувствува пофокусиран е да го насочи вниманието кон своите сетила. Со „blind food tasting“ вие им овозможувате на вашите гости преку храната да играат со својата фантазија во прекрасниот амбиент, негледајќи, а вкусувајќи несекојдневни вкусови!

– „Blind food tasting“ е услуга која веќе функционира низ ексклузивни елитни ресторани ширум светот, кај нас ја воведовме неодамна и тоа во малку повидоизменет концепт, со единствена цел преку исклучување на функционирањето на одредени сетила фокусот да се стави на изострување на сетилото за вкус и на сите пропратни емоции и сетилни доживувања кои се јавуваат при дегустација на храна и специјалитети од таков вид. Ние фактички на нашите гости им го блокираме сетилото за вид, за да им овозможиме да го активират поинтензивно сетилото за вкус и да ја препознаат секоја состојка, која на овој начин трае подолго и поинтензивно.

Она што е уште поинтересно е фактот дека гостите го прифатија со големо задоволство и интерес. Го воведовме првично како изненадување за нашите гости за време на отворањето на градината, но интересот на гостите ни беше поттик да го воведеме како стандардна услуга која ќе продолжи и понатаму да се имплементира.

Кој е покренувач на идејата за „blind food tasting“ да се стави на менито, што конкретно им го „сервирате“ на гостите и иако станува збор за многу краток период, сепак, сигурно веќе можете да зборувате и за сетилните искуства на посетителите на градината на Fоur?

– Идејата за овој концепт ни дојде во моментот кога на менито се најдоа многубројни нови билки, зачини, несекојдневни комбинации и специјалитети кои заслужуваат да бидат истретирани дополнително и да понудат екстра доживување кај нашите гости.

Идеен творец е главниот шеф Елефтериос, кој својата пасија секојдневно ја преточува во магија и како што самиот вели, за него готвењето е уметност и секогаш отворен простор за експериментирање и она што е карактеристично за него е што секој оброк знае да го сервира различно декориран, во зависност од неговата моментна инспирација, а тоа гостите го препознаваат.

Освен уникатните гастрономски доживувања кои ги создава Елефтериос Далагиоргис, има ли и други познати имиња на шефови кои го создаваат шароноликото специфично мени на храна и богатата карта на пијалаци од вашата понуда?

– Во тимот на Four не се водиме според девизата познато име или хиерархија. Сите имаат еднакви можности во процесот на давање идеи, напредување и растење. Секој член на тимот има своја одредена пасија и специјалност кон некој одреден сегмент, без разлика дали е тоа медитеранска кујна, азиска кујна, изработка и декорација на слатки работи… главната мисија е да се препознае таа страст и предиспозиција и да се надгради.

Токму и затоа тимот функционира беспрекорно, расте и се надградува.

Пост-ковид ситуацијата наметна нови правила. Има ли специјални протоколи од кои не смеат да отстапуваат посетителите на вашата градина или отворениот простор дозволува исто опуштање и уживање како и пред пандемијата?

– Уште од самиот почеток на пандемијата утврдивме специјални протоколи за работење, поодделно за сите сектори, од кои не отстапуваме, затоа што безбедноста и на вработените и на нашите гости секогаш била приоритет.

Отворениот простор секогаш има предност пред затворениот и искрено се надеваме дека летото ќе трае што подолго, за да можат и гостите да уживаат подолго во благодaтите на градината.

Она што е позитивно во однос на функционалноста на затворениот простор е дека истиот е простран и голем, нуди повеќенаменска функционалност и дури и со дополнителните протоколарните мерки за работење во затворен простор, ресторанот ќе функционира сосема непречено и безбедно за нашите гости. 

Нашата идеја е отворениот и затворениот простор да функционираат со различен концепт, односно отворениот дел да функционира како таканаречено upscale бистро, со сосема свеж, нов и светски концепт, кој ќе го претставиме дополнително.

Нашата девиза е дека гостите кај нас доаѓаат за одмор и релаксација од секојдневието, и кога се тука, треба да им се пружи најдоброто, и пред сѐ, сето спакувано во врвна услуга, комфор и безбедност. Затоа, кај нас се прават чести контроли, проверки и се воведуваат дополнителни протоколи, како кај вработените така и во целиот систем на работење, протоколи и функционирање на кујната и благодарејќи на тоа, досега не сме имале проблеми и функционираме непречено.

На средина од летото сме и сигурно веќе ги знаете своите планови за сезоната. Ќе продолжите ли да ги изненадувате своите гости со нови уникатности кои само кај вас може да се вкусат и да се почувствуваат?

– Планови и идеи секако дека имаме, постојано. Истите ги креираме првенствено слушајќи го гласот и потребите на нашите гости, заедно го одиме патот. Ние се стремиме кон градење на долгорочни релации од доверба.

Гостите ни веруваат, го ценат и препознаваат она што го правиме, а ние за возврат сме тука да одговориме на сите нивни желби и потреби.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интервју

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.