Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Зоки Фаци: По операцијата од канцер долго не можев да ги прифатам лузните на телото

Интервју

Зоки Фаци: По операцијата од канцер долго не можев да ги прифатам лузните на телото

Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, со години важеше за еден од најконтроверзните естрадни новинари. Иако се повлече од телевизија, тој и понатаму привлекува внимание на социјалните мрежи, но и со јавните препукувања со луѓето од естрадата. Неодамна откри дека се оперираше од рак и ова речиси скроз му го смени животот.

„Кога ми кажаа дека имам тумор, отидов во црква да се помолам. Од ногата ми извадија канцер од 750 грама. На почетокот не можев да си ја гледам лузната. Ми требаше долго време да ја прифатам и да се навикнам на неа“, искрен е Зоки за болеста.

На почетокот се повлекол во себе. Комуницирал само со неколку луѓе, меѓу кои и Лила Филиповска, која му била голема поддршка. Вели поминал лесно, без хемотерапија и две недели по операцијата веќе бил на нога. Мирот оттогаш го наоѓа во куќата во Катланово, која му ја остави починатиот татко, ама мир наоѓа и покрај коњите во клубот „Бравадос“ каде што доаѓа често.

„Дедо ми беше сточар, имаше своја фарма и тој ме научи да јавам на шест години. Иако имаше многу внуци, секогаш велеше дека јас ќе бидам негов наследник. Станав ветеринар, но никогаш не работев во струката“, ни раскажа Зоки за „Репортер“.

Тој веќе некое време не работи како новинар, но со емоции зборува за годините поминати во медиумите. Приказната тргна пред 15 години, кога почна да пишува прилози за животни во весникот „Вест“. Од тогашниот уредник Горан Михајловски доби шанса да пишува за естрадата. Кога по некоја година почна да работи на телевизија, ја направи емисијата „Фаци“ и го доби прекарот што го носи и денес.

„Таблоидното новинарство е една од најтешките професии во Македонија. Сум снимал и политичари и проститутки и луѓе од подземјето, но од сите најголем предизвик ми бил Азис. Дојде во емисија со тројца дечки, тројцата исто облечени. Па кога го прашав дали има партнер, ми кажа дека е во врска со еден од нив, но не сакаше да открие кој и додаде дека тие секогаш се облекувале исто за новинарите да не дознаат кој од нив му е дечко“, се сеќава Зоки.

На прашањето дали измислил афера за некого, само за да му се одмазди вели: „Признавам, сум го правел и тоа“.

Не крие дека во минатото некои луѓе му плаќале за да ги направи ѕвезди. Но, сето ова низ годините му донесе и проблеми. Го нападнаа со шипка и заврши во болница, добиваше закани, а лани беше објавено и негово приватно видео, за кое ни рече: „Да се десеше тоа пред 15 години, дома ќе си ја трескав главата од ѕид, што ќе кажат моите, ама сега ми е сеедно. И кога ќе ме повредат, знам да се носам со тоа достоинствено. А ако го сака тоа јавноста, јас ќе направам уште пет видеа, нека ми ги пуштат.“
Кој се обиде да го киднапира додека работеше како новинар, за спомените со Тоше Проески и другарството со Лила дознавме во интервјуто. Но, и за борбата со ракот, колку е близок со својата сестра, зошто не разговара со Елена Ристеска, дали некогаш ќе се врати пак на телевизија… гледајте го видеото.

https://youtu.be/nX2dAETQu_k

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интервју

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.