МК Сцена
Ивона сними спот за ,,Убав е овој свет’’
Макфестовската тема на Ивона Јовановиќ ,,Убав е овој свет,, доби свое видеоиздание кое го изработија Давид Радичевски, познат на широката јавност како David Black, Александар Ризински и Александар Комненовиќ.
Спотот за четири часа од поставувањето на јутјуб го видоа повеќе од 5 000 луѓе, а досега посетеноста е нешто помалку од околу 60.000 луѓе.
Верувам дека оваа бројка постојано ќе се зголемува со оглед на фактот што луѓето ја пеат во еден глас на моите настапи. ,,Убав е овој свет“ е дело на Филип Неделковски, а аранжманот го направи Дарко Тасев. Досега имам преслушано многу песни, напишани за мене од многу автори. Но, сите ги одбив, затоа што ниедна не го разбуди во мене ,,она нешто’’кое со зборови во овој момент не би можела да ви го објаснам. Стигна сосема спонтано до мене , ме освои на прво слушање и реков тоа е тоа. Убав е овој свет е моја. Знаев дека е за ,,Макфест,,, и дека сакам да снимам спот за истата.Така и се случи – вели пејачката.
Ивона Јовановиќ со музика се занимава од дете. На јавноста и стана позната по учеството во шоуто ,,Ѕвездите на Гранд,,.
Има свој јутјуб канал на кој објавува смешни видеа во кои со нејзиниот пријател Марио Арангеловски го споредуваат светот со Македонија, објавуваат видеа во кои го споделуваат нивното искуство,а на младите често им делат совети за шминкање. Неодамна објави искрен статус на фб и инстаграм наменет за девојките со поголема килажа .
-Објавив моја фотографија со моите вишок килограми и реков:Што ако вие имате помалку килограми, а јас имам точно толку колку што треба. А колку треба? Никогаш не ми било јасно кој тоа диктира колку треба да имаме килограми за да бидеме ,, нормални’’и прифатени од општеството. За жал килограмите и изгледот во 21 век се битни и акцентот е ставен на нив. Се прашувам до кога. Се борам да им докажам на луѓето, а посебно на младите, ,дека изгледот е само еден дел од целокупниот производ. Но не и најважен – потенцира Јовановиќ.