“Јас сум Георгина“ : Девојката на Кристијано Роналдо најави свое реално шоу во кое ќе се појави и фудбалерот
Фудбалерот Кристијано Роналдо (36) неодамна ги шокираше фановите со неговиот трансфер од италијанскиот Јувентус во англискиот клуб Манчестер Јунајтед, а сега и неговата девојка ја заинтригира јавноста. Таа на својот Инстаграм профил објави како наскоро ќе има свое реално шоу кое ќе се емитува на Нетфликс под наслов „Јас сум Георгина“.
Нејзината најава на новиот проект пријатно ги изненади сите
-Моето реално шоу набргу пристигнува на Нетфликс. Многу сум возбудена што ќе можете да го гледате – атрактивната Георгина напиша под објавата со промотивна фотографија и ја додаде ознаката #јасумгеоргина (#soygeorgina)
Во шоуто ќе се појави и популарниот фудбалер и ќе раскаже како се запознал со својата девојка со која ја има ќерката Алана.
-Тоа се случи за секунда. Никогаш не би помислил дека тоа ќе биде толку големо и дека ќе се заљубам. Навистина тоа не го очекував. Георгина е жената во која сум потполно заљубен – рекол Роналдо.
Атрактивната бринета веќе неколку пати за медиумите има проговорено како тој момент во потполност и го променил животот.
-Имам 27 години, а пред 5 години мојот живот се промени – изјавила таа.
Алваро Диаз кој е директор на забавната програма на Нетфликс Шпанија има пофални зборови за шоуто и вели дека низ ова шоу ќе се раскаже неверојатната приказна за тоа како се запознале Кристијано и Георгина.