Сцена
Јелена Розга и Иван Хулиќ ќе се венчаат двапати – првата свадба во Сплит, втората на Малдиви или Бали
Познатата хрватска пејачка Јелена Розга (47) наскоро ќе се венча со Иван Хулиќ, син на композиторот Тончи Хулиќ, кој е 11 години помлад од неа. Според хрватските медиуми, двојката подготвува две свадбени церемонии – првата ќе се одржи во Сплит наесен, додека втората ќе биде на некоја егзотична дестинација, како Малдиви или Бали.
Нивната љубовна врска започнала пред 10 години, но поради страв од реакциите на семејството Хулиќ, тие одлучиле да се разделат. Сега, по многу години чекање, решиле да го официјализираат својот однос.