Сцена
Кање Вест не се сеќава на нервниот слом
Американскиот рапер, Кање Вест првиот нервен слом го доживеа кон крајот на минатата година откако помина неколку денови во болница. Сега, со месеци после излегувањето од болница, еден пријател на Вест тврди дека раперот воопшто не се сеќава на инцидентот.
Малик Јусуф, близок соработник на Вест, изјави за „Попшугарr“ дека раперот полека се опоравува.
– Јас неодамна бев кај него дома и поминавме заедно повеќе од шест часа. Разговаравме за се, а најмногу за неговото здравје и опоравување. Она што е добро е дека сеќавањата полека му се враќаат, затоа што тој всушност не знае што точно се случило со него. Сега тој е со семејството и тоа е најважно, рече Јусуф.
Кање Вест во ноември беше сместен во болница откако неочекувано ја прекина американската турнеа, во рамки на која требаше да одржи уште 21 концерт. Медиумите тогаш шпекулира дека Канје боледува од параноја и дека не дозволувал ни докторотите да му се доближат.