Сцена
КАЈЛИ ЏЕНЕР ГО „ЗАПАЛИ“ ИНТЕРНЕТОТ: Оваа фотографија доби преку два милиони лајкови!
Една од најмладите сестри во кланот Кардашијан, Кајли Џенер, на Инстаграм објави фотографија на која позира речиси гола.
Предниот дел на телото и е прекриен само со сина боја, што беше сосема доволно да ја заинтигрира фантазијата кај фановите.
Џенер (19) со оваа фотографија го најави проектот со фотографката Саша Самсон и патем собра два милиони лајкови.
Најмладата членка на кланот Кардашијан во последно време почна да објавува се повеќе провокативни фотографии, а најави дека наскоро ќе објави уште слични фотографии.