Музика
Како Рита Ора со домашна песна – Мартија влезе во финалето на „Ѕвездички“ (ВИДЕО)
Пеејќи песна од Милан Станковиќ, македонската учесничка Мартија едногласно си обезбеди влез во првото полуфинале во популарното Сителово шоу “Ѕвездичките на Пинк”.
– Ова звучи како Рита Оро да пее домашна песна – беше коментарот на Гоца Тржан, која уште еднаш докажа дека е најголем фан на нашата ѕвездичка Мартија од Куманово. За Милан, беше изненадување што наша кандидатка пееше негова песна, па искоментира колку е ова жешко и енергично.
– По овој настап, никогаш повеќе нема да го слушам Милан Станковиќ како ја пее оваа песна – се пошетува Леонтина, мисјејќи на тоа колку и се допаднала изведбата на Македонката.
Коментарите на Јелена и Хари, како и целата емисија, ќе ја гледате во недела во 21 часот на Сител тв.
А вие, почитувани читатели, подгответе се за финалните емисии од најпопуларното шоу “Ѕвездичките на Пинк”. Од следниот петок започнуваат емисиите во живо, во кои вие ќе одлучите кои кандидати заминуваат во големото суперфинале. Да ја бодриме нашата Мартија до големата победа!