Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА: „На евровизискиот избор не постојат поразени!“

МК Сцена

МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА: „На евровизискиот избор не постојат поразени!“

Втората полуфинална вечер на 61-то издание на најголемиот, музички избор и телевизиски спектакл на планетава во организација на Европската радиодифузна унија, за Македонија но и за уште 7 други земји донесе ново разочарување поради необезбедениот пласман во финалето, имајќи ги предвид вложената енергија, труд и посветеност.

– „Треба да се биде голем и достоинствен во победите, но уште повеќе во неуспесите. Нема да речеме во поразите, зошто на евровизискиот избор – не постојат поразени. Голем број од песните коишто отпаднале и никогаш не се закитиле со награди – публиката ги наградила со вечност. А додека песните се слушаат и живеат во колективната меморија, оправдан е секој труд – да се биде дел од евровизиската приказна и да се држи чекорот со Светот којшто барем за момент е со еднакви можности за сите, без разлика на географската и историската големина.“ – изјави тимот на Мери Попова.

За жал и овојпат Македонија нема да ја видиме во финалето, но затоа пак можеме да бидеме горди на настапот на нашата Калиопи и нашите уметници на сцената, кои дадоа се од себе и покажаа врвен професионализам.

Калиопи, со изведбата на композицијата „Дона“, една од ретките песни на годинашниот евровизиски избор во целост отпеана на националниот јазик на земјата учесник, масовно ги освоија симпатиите на публиката, не само во „Ериксон Глоуб арената“.

Како гласаше меѓународното стручно жири од 21 земја кои своите гласови ги депонираа во средата, како и бројот на вкупно пристигнатите гласови од телевоутингот за секоја земја поединечно, ЕБУ ќе ги објави непосредно по завршувањето на големото финале во сабота.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.