Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Камила Кабељо настапи на финалето од Лигата на шампионите, а потоа се пожали на навивачите: „Бевте непристојни“

Сцена

Камила Кабељо настапи на финалето од Лигата на шампионите, а потоа се пожали на навивачите: „Бевте непристојни“

Пејачката Камила Кабељо синоќа подготви сензационален настап за време на финалето од Лигата на шампионите каде во смел бел аутфит повторно покажа дека не ги крие своите облини.

Настапот на Камила на крајот беше поздравен со аплауз и овации од страна на публиката, но пејачката се пожалила на Твитер дека не било се така сјајно.

-Повторно го гледав мојот настап и не ми се верува дека фановите толку гласно ги пееја химните на нивните клубови додека настапував. Јас и мојот тим неуморно работевме долго време за да ви приредиме шоу и да донесеме позитивна енергија – напиша пејачката Камила Кабељо (25) на Твитер.

Камила пееше во Париз на „Стад де Франс“ пред финалето на Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

Таа ги нарече фановите непристојни затоа што наместо да ги пеат нејзините песни, ги пееја „Hala Madrid“ и „You’ll Never Walk Alone“.

Твитовите беа избришани по реакциите на фановите, но некои следбеници успеале да ги сочуваат. Во коментарите, многумина се пошегуваа дека Камила и нејзиниот тим навистина не ја знаат разликата помеѓу SuperBowl и финалето на Лигата на шампионите.

Третманот на навивачите кон Кабељо не беше најконтроверзниот инцидент на натпреварот. Почетокот мораше да биде одложен повеќе од 35 минути поради проблеми надвор од стадионот, при што на голем број навивачи не им беше дозволен влез и покрај тоа што имаа билети.

 

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.