МК Сцена
КАРЛЕУША ВООДУШЕВЕНА: Ристе, ти си фаворитот во „Ѕвездите на Гранд“!
Македонскиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, нашиот Ристе Ристески вчеравечер успеа да се пласира во третиот круг на шоуто. Втора година по ред учество и втора година по ред го поминува вториот круг на Гранд. Во вториот круг, кандидатите се натпреваруваат во дуели и само еден поминува понатаму, пренесува ТВ Пакет.
На нашиот Охриѓанец му се посреќи во овој дуел, затоа што доби повеќе гласови од конкурентот. Овојпат Ристе се претстави со „„Stanica podlugovi“, песна од Здравко Чолиќ од седумдесетите каде разнежни со неговата емоција и нежен глас, а втората песна беше “Среќна ли си ти” од легендата Тоше Проески, што беше пресудно за жирито да одлучи кој оди понатаму.
– По првата песна водеше првиот кандидат со гласови, но веќе по втората песна, Ристе ги доби сите седум гласа од стручното жири и оди директно во третиот круг. честитаме – ги соопшти Саша Поповиќ резултатите.
За Ана Бекута и двајцата беа одлични и им посака среќа, додека пак Босанац се согласи дека овде не се работи за нијанси, туку дека Ристе е навистина подобриот во дуелот.
– Не сум чул подобра изведба на песнава од Здравко Чолиќ досега. Ти си бонбона, Ристе, поискусен и подобар пејач од другиот кандидат со кој се натпреваруваше. – додаде Босанац.
За Аца Лукас на Македонецот му фали само да стане популарен и да има хитови, а за Марија Шерифовиќ ова е неговата најдобра интерпретација.
– Ристе е фаворит на оваа сезона. Македонскиот јазик го направи најсекси јазик, имаш одлична магија, магичен глас и моја желба е да победиш во шоуто – заврши Карлеуша со коментарите.
Канал 5 телевизија доцни една недела во прикажувањето на шоуто, па така најновата емисија со Ристе ќе ја емитува дури следната сабота, за разлика од другите земји од регионот кои ја емитуваа вчера.