Сцена
Кели Брук – жена со совршено тело (ФОТО)
За топ-моделот Кели Брук сите знаеме дека изгледа совршено, а сега тоа го потврди и науката.
Имено, во една студија на Универзитетот во Тексас, се наведува дека земајќи ги предвид висината на британската старлета, масата, должината на косата и формата на лицето, таа претставува пример за совршен изглед на женско тело.
– Оваа жена е сосема природна и научно совршена, истакнуваат авторите.
Кели никогаш не се подложила на пластична операција, а нејзиното тело секогаш изгледа здраво. Сепак, таа еднаш призна дека повремено се соочува со навреди, односно со модни агенти кои ја нарекле „полничка”.
Дури и во трудот има и една „забелешка“ дека таа „би изгледала подобро со некој килограм помалку”, со што повеќето мажи и не би се сложиле.