Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Келвин Харис се извини поради однесувањето по раскинување со Тејлор Свифт

Сцена

Келвин Харис се извини поради однесувањето по раскинување со Тејлор Свифт

Секое раскинување е тешко на свој начин, но уште потешко е ако тоа е јавно, што најдобро го знаат голем број светски познати лица, кои по тоа прашње никогаш немаат мир.

Токму таков прекин имаа ди-џеј-от Келвин Харис и пејачката Тејлор Свифт, чија врска пропадна по една година љубов. Но, наместо се мирно да се заврши причините за нивното раскинување и разните проблеми со денови се провлекуваа по насловните страници.

Двојката прекина во мај 2016 година, а како причина, верувале или не, беше посочена песната на Келвин „This Is What You Came For“ со Ријана, во чие создавање учествуваше и самата Тејлор.

Келивн во едно радио интервју тогаш отрки дека тој и Тејлор никогаш нема службено да соработуваат.

– Знаете, никогаш не сме разговарале за тоа. Таа сега ќе преземе друга страна, беа зборовите на Келвин упатени до познатиот водител Рајан Сикрест, популарната песна не само што ги скара, туку и ги раздели, а наводно Нилс Сјоберг, кој беше потпишан како автор на песната, всушност бил псевдоним на славната Тејлор.

Но, Келвин не можеше да молчи, па го искористи и Твитер за да го изрази своето мислење.

– Многу ме боли тоа што таа и нејзината екипа  се подготвени да одат толку далеку и да направат да јас изгледам лош. Мислам дека ако си среќен во новата врска би требало да се фокусираш на тоа, а не на поранешниот човек. Знам дека не си на турнеа и ти треба некој нов кој ќе го потикне како Кејти Пери, но јас не сум таа личност, извини. Нема тоа да го дозволам, навед тогаш Келвин.

Но, една година подоцна, музичарот се извини поради своето однесување во интервју за британски „Џеј-Кју“ и појасни што стоело зад таквата реакција.

– Тоа беше целосно погрешен нагон. Го заштитував она што го сметав за свој талент, кој се доведуваше во прашање и пукнав. Многу е тешко кога нешто што си го сметал за приватно, станува така јавно. Кога бевме заедно бевме многу внимателни нашата врска да не стане медиумски циркус и таа го почитуваше моето мислење. Не сум добар во тоа да бидам славен, но кога раскинавме, се се претвори во пекол. Јас сум позитивно момче, двајцата погрешивме. Очигледно нешто не беше во ред па прекинавме, но тоа што подоцна се случи беше лошо, изјави Келвин.

Денес Келвин и Тејлор се во коректни односи и се слушаат од време на време. Се чини дека времето навистина ги лечи раните.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.