Сцена
Кендал Џенер како Мерилин Монро на црвениот тепих во Кан (ФОТО)
Кендал има искуство со црвениот тепих уште од мали нозе, а со оглед на фактот дека таа е една од најбараните модели на денешницата, не може да ве зачуди тоа што таа умее да ја направи најдобрата поза за фотографите.
Овој пат Кендал Џенер прошета на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Кан, со креација со цветен дезен на дизајнерот Гиамбатист Вали.
Со долгиот фустан, младата сестра од кланот Кардашијан на отворањето во Кан носеше златни сандали, а стајлингот беше надополнет со дијамантските обетки.
https://www.instagram.com/p/BUU3WbQDnqY/
Поради тоа што материјалот од кој беше направен фустанот бил премногу лесен се случи и нешто многу познато – ветерот и го подигна фустанот на Кендал, а фотографите го овековечија овој момент како потсетување на Мерилин Монро и една нејзина позната слика на која таа се обидува да го смири немирниот фустан.
Дали и вие ја забележувате сличноста?
https://twitter.com/iaam/status/866043689205760000