Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Кети Пери е под истрага за спотот што го снимила на Балеарските Острови

Сцена

Кети Пери е под истрага за спотот што го снимила на Балеарските Острови

Кети Пери е под истрага поради снимањето на спот на Балеарските Острови, пишува Дејли Мејл.

Одделот за животна средина на Балеарската регионална влада истражува дали пејачката и нејзиниот тим можеби ги оштетиле заштитените дини на островот С’Еспалмадор. На видеото се гледа како пејачката танцува на различни локации, вклучително и системот на дини на островот каде што важи забранет или ограничен престој.

С’Еспалмадор е мал ненаселен остров во приватна сопственост во рамки на Балеарите. Имено, дините на овој остров го сочинуваат најдобро зачуваниот дински систем на Балеарските Острови. Регионалната влада на својата интернет-страница за туризам наведува дека дините имаат голема еколошка вредност.

Се наведува дека продуцентската куќа не го побарала потребното одобрение за снимањето на спотот. Од Одделот за животна средина соопштија дека наводно недозволеното снимање на видеото во споменатото подрачје претставува повреда на еколошката средина и дека снимањето на видеото може да се одобри по барање.

 

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.