Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Кевин Спејси ќе биде „исечен“ од филмот „Сите пари на светот“

Сцена

Кевин Спејси ќе биде „исечен“ од филмот „Сите пари на светот“

Актерот Кевин Спејси ќе биде „исечен“ од завршениот филм на Ридли Скотм „Сите пари на светот“ и неговата улога ќе ја добие Кристофер Пламер, малку повеќе од еден месец пред премиерата.

Анонимни извори блиски до продукцијата изјавиле дека Пламер веднаш почнува да ја снима улогата на Џон Пол Гети. Сите сцени со Спејси ќе бидат преснимени. Во преснимувањето се очекува да учествуваат и Марк Волберг и Мишел Вилијамс.

Ридли Скот планира да заврши се до веќе закажената премиера во САД на 22 декември.

Прво беше предвидено светската премиера на филмот да биде на 16 ноември во Лос Анѓелес на фестивалот на Американскиот филмски институт. Филмот беше повлечен претходно оваа недела поради обвинувањата за сексуално малтретирање против Спејси. Кевин Спејси беше отпуштен и од серијата „Куќа од карти“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.