Настани
Киев домаќин на Евровизија 2017 година
Главниот град на Украина, Киев ќе биде домаќин на натпреварот за најдобра песна на Евровизија 2017 година, одлучи Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и националната телевизија на Украина (НТУ).
Организацијата на оваа 62. по ред Евровизија е доделена на најголемиот украински град по овогодишната голема победа на нивната претставничка Џамала во Шведска со песната „1944“. Конкуренција на Киев беа Одеса и Днипро.
– По деталниот процес на селекција многу сме задоволни што Киев ќе биде град домаќин на Евровизија 2017 година, изјави претставник на ЕБУ, кој воедно и честиташе на националната телевизија на Украина на проценката.
– Киев имаше прекрасна презентација и се радуваме за заедничката работа на највозбудливото шоу во мај наредната година, порача супервизорот Јон Ола Санд.