Сцена
Ким Кардашијан се фотографирала гола, качена на дрво
Старлетата Ким Кардашијан целосно гола, само во чизми, се качила на крошна од дрво за потребите на модно фотографирање, потврдувајќи дека е подготвена да направи се.
– Чест ми беше да позирам за Мерт и Маркус за нивната нова книга, напишала во описот на црно-белата фотографија, која за само неколку часа ја „лајкнале“ над еден милион луѓе.
Инаку, Мерт и Маркус всушност се модните фотографи Мерт Алас и Маркус Пигот, кои се познати по своите портрети на софистицирани, силни жени.