Кој ја придружуваше Ким на црвениот тепих и што се крие позади нејзиниот изглед?
Ким заедно со својот поранешен сопруг Канје Вест, во овој случај дизајнер и стилист, направи нешто што досега никој не успеал на Мет Галата.
Нејзината „Balenciaga“ креација е секако шиена по мерка, а дизајнерот Демна Гвасалија (40) соработувал со Канје во креирањето на овој „анти-гламур“ изглед.
Кардашијан се појави на црвениот тепих во црн фустан со кој носеше соодветна маска преку лицето, како и наметка.
Демна Гвасалија е креативен диретор на модната куќа „Balenciaga“, а оваа година беше и придружба на Ким на црвениот тепих, во класично Канје изданије, што покрена многу гласини бидејќи и нему му беше прекриено лицето.
Со овој потег Ким покажа сосема нов пристап и правец во модата, а посебно кога станува збор за Мет Галата.
-Што може да е поамериканско од маица од глава до пети? – напиша таа под фотографиите што ги сподели од настанот.
Овој аутфит предизвика многу реакции, а мистеријата која стои позади него е поврзана со друштвените мрежи, Канје, неговиот албум и многу други сеуште неоткриени елементи.
Ким во последно време објавува фотографии исклучиво во црни комбинации, а повеќето од нив ги дизајнирала „Balenciaga“.
Канје на својот профил има само две објави, дел од песна од новиот албум и Ким во веќе споменатата креација. Неговата профилна слика е црна боја, а следи профили кој исклучиво имаат иста таква профилна фотографија со црна боја, меѓу кои не се наоѓа Ким.
Сеуште не е познато што се наоѓа зад силното црнило, но познатата екипа сигурно знае како да го заинтригира светот со неколку потези.