Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Комеморација за Џаро во понеделник во Ѓорче Петров, музички ѕвезди ќе зборуваат за него

Сцена

Комеморација за Џаро во понеделник во Ѓорче Петров, музички ѕвезди ќе зборуваат за него

В понеделник, на 3 јуни во Домот на култура во Ѓорче Петров од 12 часот, ќе се одржи комеморација за неодамна починатиот естраден и спортски менаџер Велибор Џаровски – Џаро.

Настанот симболично се организира на 40-тиот ден од смртта на Џаровски и токму на местото каде што ги организирал првите концерти и игранки. Ќе зборуваат неколку македонски музички ѕвезди и пријатели на Џаро со кои соработувал и се дружел во текот на менаџерската кариера во која организираше 5.000 концерти во поранешна Југославија.

„Како што во Југославија докажував дека Македонија не е културна провинција, така и Скопје го уверив дека ни Ѓорче Петров не е провинција“, рече Џаровски во автобиографската книга „Живот на коцка“ која излезе минатата година.

Идејата на овој начин да се сочува споменот на стариот ѓорчепетровец е на Општина Ѓорче Петров и на градоначалникот Александар Стојковски, кои заедно со семејството ја организираат комеморацијата.

 

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.