Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

КОНЦЕРТ ЗА ПАМЕТЕЊЕ: One Republic го вееја македонското знаме во „Борис Трајковски“

МК Сцена

КОНЦЕРТ ЗА ПАМЕТЕЊЕ: One Republic го вееја македонското знаме во „Борис Трајковски“

Насловна фотографија: Атанас Стојановски / Популарно.мк

Вчеравечер беше запишан најголемиот концерт во македонската музичка историја. One Republic приредија концерт за паметење кој неколкуилјадната публика во „Борис Трајковски“ ќе го памети засекогаш.

Скопјани, но и публиката од цела Македонија и останатите земји беа сведоци на концерт од светски калибар.

Први на сцената настапија The Makemakes кои беа наградени со пофални зборови од страна на Рајан Тедер како најдобар бенд кој некогаш го „отворил“ нивниот концерт.

По нив, следуваше спектакл. На сцената се спушти големо бело платно позади кое стоеше моментално најактуелниот светски бенд, и во еден момент завесата падна и „Борис Трајковски“ загрми во ритамот на One Republic.

Се редеа хитовите „Apologize“, „Good life“, „Preacher“, а во еден момент фронтменот Тедер на сцената покани девојче од публиката кое во живо преку неговиот Ајпед емитуваше снимка од концертот во Скопје која ја гледаа над 10 милиони луѓе ширум светот.

– „Вечерва светот ќе дознае како се забавуваме тука во Скопје!“ – рече Рајан.

Кулминација на и така вжештената атмосфера во која танцуваа и млади и стари беше хитот „Counting stars“ кога пеењето на публиката всушност беше погласно и од самата музика.

ФОТОГАЛЕРИЈА: Атанас Стојановски / Популарно.мк

This slideshow requires JavaScript.

За време на изведбата на хитот „Good life“ на модерната и технички опременета сцена се појавија инсерти од Скопје и македонското знаме, а Рајан Тедер се пошегува со публиката, прашувајќи дали да нѐ изговара под името „Маседониа“ или „Македонија“.

– „Ретко се случува да ми се допадне некое место кое го посетувам за првпат. Скопје, прекрасни сте! Ветуваме дека повторно ќе се вратиме!“ – пред крајот изјави Тедер.

Концертот заврши со мегахитот „If I Lose Myself“ кога One Republic на сцената го развееја македонското знаме по што следуваше неверојатен сценски перформанс кој ја исполни салата со милион конфети.

11329774_10153826772923912_2617946521857601562_n[1]

Извор: Instagram @OneRepublic

Од Авалон продукција велат дека ова е најголемиот концерт кој го организирале до сега.

– „Вечерва во Борис Трајковски беше најубавата публика која сум ја видел на едно место! Никој не може ни да сони колкава работа завршивме да израдуваме 9000 млади да видат светско шоу, барем еднаш годишно, на ниво досега невидено во Скопје“ – објави на својот Фејсбук профил Бобан Милошевски.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.