Музика
Концертот на Аријана Гранде ќе се одржи и покрај нападот во Лондон
Ден откако познатата пејачката Аријана Гранде се врати во Манчестер по терористичкиот напад на нејзиниот концерт, во Лондон се случи уште еден терористички напад во кој 7 лица беа убиени, а повеќе од 50 повредени.
Пејачката се врати во Манчестер со цел да одржи хуманитарен концерт насловен „Една љубов Манчестер“ кој беше распродаден за 20 минути, а средствата од концертот беа уплатени во фондот за помош на жртвите од нападот.
Од менаџментот на Гранде велат дека сочувствуваат со жртвите во лондонскиот напад, но сепак тие со музиката ќе се борат против насилството и омразата во светот и вечерашниот концерт ќе се одржи во чест на загинатите и повредените во нападот во Манчестер.
Британската полиција исто така потврди дека вечерашниот концерт сепак ќе се одржи, но со засилено полициско обезбедување. Тие испратија порака за голема претпазливост на посетителите на концертот.
Аријана на својот профил напиша дека се моли за Лондон.
Praying for London ♡
— Ariana Grande (@ArianaGrande) June 4, 2017
Инаку, на „Олд трафорд“ на Гранде ќе и се придружат и нејзините колеги Џастин Бибер, Кејти Пери, Мајли Сајрус и Роби Вилијамс.