Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Конечно е објавен трејлерот за новиот „Гладијатор“ (ВИДЕО)

Сцена

Конечно е објавен трејлерот за новиот „Гладијатор“ (ВИДЕО)

Компанијата „Paramount“ го објави трејлерот за вториот дел од легендарниот филм „Гладијатор“, на Ридли Скот.

Според најавата, „Гладијатор 2“ ја продолжува сагата за моќ, интриги и одмазда во античката Римска империја.

Години откако бил сведок на смртта на херојот Максим од рацете на неговиот вујко, Луциј е принуден самиот да влезе во Колосеумот кога неговиот дом е освоен од царевите тирани кои владеат со Рим со железна тупаница.

Луциј мора да погледне во своето минато за да најде сила и чест да му го врати Рим на неговиот народ.

Во новата продукција играат Пол Мескал, Педро Паскал, Џозеф Квин, Фред Хешингер, Лиор Раз, Дерек Јакоби, Кони Нилсен и Дензел Вашингтон.

Педро Паскал ја игра главната споредна улога на Маркус Акациус, римски генерал кој бил под команда на Максимус (Расел Кроу), а тука е и Дензел Вашингтон како Макринус, богат човек кој владее со светот на гладијаторите.

Сценариото го напиша Дејвид Скарпа, а приказната е создадена заедно со Питер Крег.

„Гладијатор 2“ ќе се прикажува во кината од 22 ноември годинава.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.