МК Сцена
Корчагинци ќе делат награди на своите професори: „Просветилка“ оваа сабота во МОБ
Иако скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ ја носи етикетата за училиште во кое само се учи, корчагинци го докажуваат спротивното.
– „Сите јунаци кои го преживеале Корчагин и сите оние кои немале храброст да седнат во корчагинските клупи, ве покануваме и оваа година, по вторпат преку нашата глума, музика и иновативност на 21 март,во 19 часот да ги доделиме корчагинските оскари за најфешн, најамбициозен, најмузикален, најпосветен, најopen-minded професор и многу други награди.“ – велат од организацијата на настанот „Корчагинска просветилка“ која оваа година се одржува по вторпат.
Настанот ќе се одржи во сабота со почеток во 19 часот во Македонската опера и балет, а поканети се и родителите, како и гости од останатите училишта.
Подгответе се за црвен тепих и забава со најдобрите корчагински бендови и многу други изненадувања, пишува во соопштението.
За повеќе информации за овој настан, прочитајте на следниот линк.