Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Корчагинци во понеделник хуманитарно ќе „шантраат“ во МОБ

МК Сцена

Корчагинци во понеделник хуманитарно ќе „шантраат“ во МОБ

Во понеделник со почеток во 20 часот на сцената на Македонската опера и балет ќе се одигра мјузиклот „Шантрава азбука“, трет од серијалот мјузикли на скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ под менторство на професорките Татјана Алексиќ и Елизабета Николоска Дадиќ.

Претставата „Шантрава азбука“ е инспирирана од култната „Бушава азбука“, главни актери се 31 разиграна буква и 24 стилски фигури, а музичкиот спектакл е збогатен со специјална театарска костимографија и сценографија.

santrava-azbuka

Фото: Уна Николоска

– „ …Доста веќе со вербални препукувања! Пуштете вода врз кавгите, да се исплакнеме од вулгарности, да се избистриме од поганштини, да се исплакнеме и блеснеме во чисти фигури! СИМБОЛОТ е присутен и кога е отсутен, зборува и кога молчи, а не е оксиморон. Симболот е гласна тишина, сплотува луѓе кои немаат заеднички јазик за комуникација. Симболи колку и јазици низ светот, а човек кој знае стилски да користи симболика, знае и разбира сè. Симболот сплотува, тој е јазичен Орфеј и ако нема меѓусебна почит на буквите и стилските фигури, нема ни јазик, ниту говор, ни светлина, ниту иднина во НЕБИДНИНА…“ – пишува професорката Алексиќ.

Билетите за оваа претстава се продаваат на билетарницата на МОБ по симболична цена од 100 денари, а собраните средства ќе бидат донирани за помош на настраданите семејства од поплавите кои ја зафатија Македонија.

https://www.youtube.com/watch?v=6ZmPA-rRShA&feature=youtu.be

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.