МК Сцена
Крадецот ѝ ги откри годините на Лила Стојановска
Вчера била ограбена познатата водителка Лила Стојановска од чиј дом на улицата ,,Џон Кенеди’’ во Скопје, Стојановска била оштетена за неколку илјадници евра.
Според информациите на МВР, непознатниот сторител и одзел лап топ, 200 евра и накит.
Сепак, во билтенот на МВР освен податоците за тешката кражба, е наведена и возраста на македонската водителка, која во јавноста е позната за младиот изглед и одржувањето на својата фигура.
Возраста на Лила не е повеќе непозната – таа има 47 години, но мора да признаеме дека изгледа минимум 10 години помлада!
Инаку Лила вчера ја потврди веста за кражбата, а од МВР информираат дека е извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.