Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Крис Рок ги продаде речиси сите билети за престојната турнеја по инцидентот на Оскарите

Сцена

Крис Рок ги продаде речиси сите билети за престојната турнеја по инцидентот на Оскарите

Побарувачката и цените на билетите за турнеја за комичарот Крис Рок (57) драстично се зголемија откако актерот Вил Смит (53)  и му удри шлаканица на сцената на Оскарите.

Комичарот заработи неочекувана популарност на Оскарите затоа што се пошегува на сметка на Џејда Пинкет Смит (50). Иако Смит ја освои Златната статуетка по шокантната сцена, некои гледачи побрзаа да купат билети за претстојната турнеја на комичарот. Oрганизаторите најавија дека за само еден ден продале повеќе билети за настапот на Крис Рок отколку што продале од моментот кога почнала продажбата.

Како дел од неговата светска турнеја наречена „Ego Death“, Рок ќе обиколи многу градови и ќе настапи во живо. Доказ дека неговата популарност драстично порасна е поскапувањето на билетите. Цените на билетите се зголемија од минимум 46 долари од 18 март на минимум 341 долар од понеделник.

Рок допрва треба да даде јавна изјава за инцидентот со Смит. Комичарот излезе како презентер на сцената  на Оскарите кога се пошегува на сметка на избричената глава на Џејда Пинкет Смит што очигледно ја вознемири двојката и го натера Смит да се качи на сцената и да му удри шлаканица на Рок. Пинкет Смит има избричена глава затоа што има алопеција, за која претходно отворено зборуваше.

Рок одлучи да не покренува обвиненија, според LAPD.

Смит ја доби наградата за најдобар актер веднаш по шлаканицата и го искористи својот говор за да им се извини на Академијата и на неговите колеги номинирани – не на Рок. Тој, сепак, објави изјава на Инстаграм во која вели дека неговото однесување на доделување на Оскарите било „неприфатливо и неоправдано“ и  јавно му се извини на Рок.

 

 

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.