Музика
КУНГС: „Настапот во Скопје ми е најдоброто сеќавање од турнејата!“ (ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ)
Последно од низата ексклузивни интервјуа кои годинава ги направивме на фестивалот „Егзит“, но и најслатко! Зошто, ќе прочитате во продолжение! :)
Младиот француски диџеј Валентин Брунел со само 20 години е еден од најпознатите диџеи во светот, а славата ја освојува со објавувањето на хитот „This Girl“ која беше на врвот на музичките топ листи низ Европа.
Интересна е приказната зад неговото уметничко име, Кунгс, па го прашавме што значи и како го добил името.
– „На почетокот немав уметничко име, па со брат ми кликнавме на Гугл транслејт и го преведовме зборот господин на сите јазици. И така, на латвиски господин се преведува во кунгс. Ми се виде интересно и затоа го избрав!“ – вели младиот французин.
Инаку, Брунел минатата година настапуваше заедно со Робин Шулц и Дејвид Гета на првото издание на фестивалот „Скопје колинг“, од каде Кунгс носи навистина убави спомени.
– „Мислам дека тоа е еден од најубавите спомени што сум ги имал досега на турнеја! Тоа беше еден огромен стадион, и ми беше еден од првите настапи пред толку голема публика! И Македонците беа едноставно луди, навистина! Бев наежен цело време. Потоа и објавив видео на фејсбук затоа што си велев – вау, ова е лудо!“ – вели тој.
Целосното интервју можете да го погледнете во продолжение.