МК Сцена
Кутија полна со лименки „Редбул“ падна пред Градежниот факултет во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Голема кутија полна со популарниот енергетски пијалок „Редбул“ утринава го привлече вниманието на случајните минувачи и студентите на Градежниот факултет во Скопје, која навидум изгледаше како пуштена од хеликоптер на оваа локација.
Меѓутоа, кутијата не паднала од небото, туку станува збор за новата герила акција на компанијата Редбул која официјално ги стартуваше промоциите на нивниот нов летен освежувачки пијалок Red Bull Summer Edition.
Студентите и случајните минувачи имаа можност да си земат по една лименка и да уживаат во овој нов пијалок.