Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Лејди Гага има уште едно изненадување за фестивалот „Коачела“

Сцена

Лејди Гага има уште едно изненадување за фестивалот „Коачела“

Како да не беше доволно тоа што на ова издание на фестивалот „Коачела“ познатата поп пејачка ја претстави својата нова песна, Гага има уште едно изненадување за своите фестивалски фанови.

Лејди Гага во саботата вечер одржа спектакуларен концерт на „Коачела“, и го искористи настапот да ја претстави на светот новата песна „Д Кјур“.

Меѓутоа, тоа не беше нејзиното единствено изненадување!

Поп ѕвездата откри дека се враќа на „местото на злосторот“ и во вторник и среда на истата локација ќе ги снима сцените за својот нов филм „Ѕвездата е родена“.

Станува збор за римејк на култниот холивудски филм кој овојпат е под режисерската палка на Бредли Купер.

Гага ги покани сите свои фанови да купат карти за овој невообичаен настан по цена од само 10 долари, а целата заработка ќе биде проследена во хуманитарната фондација „Борн дис веј“.

Единствен услов освен купената влезница е за време на снимањето фановите да дојдат во тексас комбинација, со шешир и чизми, со цел да одговараат на временскиот период во кој е планиран филмот.

На снимањето ќе настапува Лејди Гага, а свое појавување ќе има и Бредли Купер.

 

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.