Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Легендарниот пејач Дејвид Боуви почина по 18 месеци борба со канцерот

Сцена

Легендарниот пејач Дејвид Боуви почина по 18 месеци борба со канцерот

Популарниот британски пејач и глумес Дејвид Боуви почина на 10 јануари во својот дом на 69-годишна возраст, опкружен со своето семејство, по 18 месеци храбра борба со канцерот, објавено е утрово на официјалната Фејсбук страница на познатиот музичар. 

Познатиот уметник пред околу еден месец го издаде својот нов сингл „Blackstar“.

Дејвид Боуви е роден како Дејвид Роберт Хејворд-Џоунс на 8 јануари 1947 година во Лондон.

Тој беше музички активен цели пет децени и вечно склон кон менување на музичкиот стил и имиџот.

– Додека многумина од вас сакаат да ја споделат веста за смртта и загубата на Дејвид, ве молиме да ја почитувате желбата на семејството во приватност да се справат со болката, наведено е на Фејсбук страната на Боуви.

Првата песна со која се прослави Боуви беше синглот „Space Oddity“ од 1969 година, која поради симнувањето на Месечината имаше голем успех.

Најзначаен албум на Дејвид беше „The rise and the fall of Ziggy Stardust and the spiders from Mars“. Тоа беше концептуален албум со приказна за вонземјанин кој доаѓа на Земјата и станува мега ѕвезда, а на крајот го убиваат обожавателите. Заштитен знак на турнејата беше огромен стаклен пајак, специјално направен за таа прилика.

Боуви остана активен до последниот ден. Турнејата за албумот „Ријалити“ (2005), мораше да ја прекине поради мал срцев удар.

Покрај музиката, се занимаваше со глума, една од неговите највпечатливи улоги е ликот на Никола Тесла, кој го играше во филмот „Престиж“ на познатиот режисер Кристофер Нолан. Во овој филм тој настапи заедно со Хју Џекмен  и Кристијан Бејл.

https://www.youtube.com/watch?v=Tgcc5V9Hu3g

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.