Сцена
Леонардо ди Каприо сака да го глуми Путин
Американскиот актер Леонардо ди Каприо не го крие воодушевувањето од рускиот претседател Владимир Путин. Тој го запознал Путин во 2010 година Санкт Петерсбур, на самитот за спасување на сибирските тигри.
– Би сакал да го глумам. Навистина е исклучително интересен маж и водач, изјави Ди Каприо, изјави актерот за германскиот весник „Велт“. Инаку бабата на Леонардо била Русинка, па често актерот го истакнува и своето руско потекло.
Леонардо ди Каприо во моментов е актуелен со филмот „Повратник“, за кој многумина веруваат дека конечно ќе го добие Оскарот за најдобар актер, после шест номинации.