МК Сцена
Лепа Брена со концерт во Македонска Каменица на 28 август
На 28-ми август, за празникот на градот, Македонска Каменица ќе биде домаќин на најголемата балканска ѕвезда на сите времиња Лепа Брена.
– „ По извонредните концерти на Здравко Чолиќ, Харис Џиновиќ, Жељко Самарџиќ и Жељко Јоксимовиќ, годинава решивме Лепа Брена да ги забавува Каменичани. Нејзинот концерт е веќе потврден, а започнати се и подготовките за добра организација. Очекуваме посетители како од цела Македонија, така и од соседните земји и секако уривање на сите досегашни рекорди во посетеност, продажба на храна и пијалоци.
Традиционално настанот го финансираат Рудник Саса и Општина Македонска Каменица, а огромна благодарност и до сите локални институции кои несебично помагаат за уште едно успешно презентирање на нашата општина.
Со оглед на фактот деновите пред концертот на Лепа Брена се оддржува и седмата по ред манифестација „Каменичко Културно Лето“ на која ќе настапат познатите македонски бендови Нокаут и Суперхикс, подготвуваме едно комплетно тридневно аудио-визуелно шоу за паметење“. – изјави Васко Десподовски, директор на Културно-информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица.
Лепа Брена во Македонска Каменица ќе настапи со својот бенд и ветува незаборавно двочасовно шоу на кое ќе ги исполни нејзините најголеми хитови.